Фудбал
Се слушна гласот на капитенот: Рамос го спречил доаѓањето на Конте
Договорот меѓу Реал Мадрид и Антонио Конте бил во завршна фаза, но тотално колабирал по неделното Ел Класико во кое европскиот првак загуби со 1-5.
Всушност, по зборовите на Серхио Рамос кој веднаш по натпреварот испрати отровни стрели кон италијанскиот стручњак.
„Секогаш велам дека респектот се стекнува, не е вроден. Поважна е комуникацијата во соблекувалната, отколку техничкото и тактичко познавање“, изјави Рамос чии зборови силно одекнаа во Италија.
Во двата мандати на Флорентино Перес, на клупата на Реал се сменија еден куп тренери, но од 23 трофеи, 19 освоија тројца: Де Боске (6), Анчелоти (4) и Зидан (9). Уште три има на контото на Мурињо и еден на Карлос Квеирош.
Тоа значи дека името не игра улога на клупата на Реал, таму се свртеа многу познати стручњаци, но голем дел од нив си заминаа посрамени или избркани.
Извор: Sportclub.mk