Connect with us

Фудбал

Се збогуваше да го гледа синот како расте: За крај, тој го смени дресот со судијата!

Давид Абрахам го одигра својот последен натпревар за Ајнтрахт Франкурт, а исто така и последниот во својата професионална кариера за време на победата против Шалке 04.

Аргентинскиот дефанзивец се враќа во родната земја по седум години да се грижи за својот син.

Абрахам ќе продолжи да игра фудбал, но за аматерскиот Хурадан де Кахбас, кој се натпреварува во петтиот ранг на аргентинскиот фудбал.

„Го напуштив родниот град кога бев тинејџер. Јас сум татко на четири и пол годишно момче, ретко сум го видел и ништо не може да го замени задоволството да гледам како расте мојот син“, рече Абрахам пред неколку недели.

Интересно е што на прошталниот натпревар, Абрахам реши да го замени дресот со судијата Мануел Граф, кој со задоволство го прифати тоа.

Абрахам е во Европа повеќе од десет години. Играше за Базел и Хофенхајм. Тој е член на Ајнтрахт последните шест години, со кого го освои и Купот на Германија.