Connect with us

Други спортови

Седми пат ќе ја освојам титулата на Австралија опен

Светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ, верува дека п оседми пат може да се закити со титулата на првиот грен слем турнир Австрстралија опен, кој почнува на средината од наредниот месец, а титулата ќе ја брани Швајцарецот Роже Федерер.

Но, се чини дека фаворит број еден е Ѓоковиќ, кој зад себе има спектакуларна сезона во која се врати на врвот на АТП листата.  Ноле во промотивното видео пред стартот на новата сезона порача дека верува дека може уште еднаш да биде шампион на турнирот во Мелбурн.

-Играм тенис, бидејќи навистина го сакам овој спорт. Кога сум на тертенот се обидувам да се фокусиран на она што се случува во тој момент и на секоја начин да победам. Се трудам да ја насочам енергијата кон она што се случува во тој момент, изјави Новак и додаде:

-Успеав да го совојам трофејот на Австралија опен шест пати и тоа ми дава верба и сила дека можам да го направам тоа и по седми пат.