Тајмаут
Секоја чест – Навивачите на Аталанте помагаат во изградбата на привремената болница во Бергамо
Италија сè уште е во хаос поради ширењето на новиот коронавирус. Најтешко е во Ломбардија, а скоро апокалиптичен призор пристигна и од Бергамо последниве денови.
Бергамо, град со околу 120.000 жители, досега регистрирал повеќе од седум илјади случаи на луѓе заразени со новиот коравирус.
Сите се согласуваат, вклучително и градоначалникот на Бергамо, дека една од главните причини за ваквата состојба во градот е историскиот натпревар од осмина финалето во Лигата на шампионите помеѓу Аталант – Валенсија.
Потоа, околу 40.000 луѓе од Бергамо отпатуваа за Милано и уживаа во историската победа на нивната Аталанта на „Сан Сиро“. Сепак, се верува дека на 19 февруари вирусот се раширил меѓу илјадниците жители на Бергамо кои го вратиле во нивниот град.
Ситуацијата е сè уште тешка во Бергамо, нема капацитет да се сместат и лекуваат пациенти со потешки симптоми, па преминаа на изградба на привремени, импровизирани болници.
Working to prepare the temporary hospital in Bergamo fair site #COVIDー19 #ultras #Bergamo #molamia pic.twitter.com/bAChlDfPBf
— CurvaNordBergamo (@sostienilacurva) March 24, 2020
?? Members of Curva Nord Bergamo help to build a new temporary hospital in Bergamo #atalanta pic.twitter.com/BELssYbsgc
— 101% ULTRAS (@101ULTRAS) March 24, 2020
Свој придонес дадоа и навивачите на Аталанта кои со маски на лицето и нараквици на рацете помагаа во градењето на болницата во една хала во Бергамо