Други спортови
Сексапилната одбојкарка откри: Имам девојка!
Најдобрата италијанска одбојкарка Паола Егона ја разочара машката популација откако призна дека е среќна во својата врска со девојка. Таа во интервју за „Кориере дека Сера“ доби помалку зачудувачко интересно прашање: „Дали имаш девојка?“, на кое самоуверено одговори: „имам“.
Италијанците нејзиното признание го оценија за храбро, особено поради тоа што се работи за млада спортистка, девојка која има само 19 години.
Егона имаше одлично издание на неодамешното Светско првенство на кое Италија загуби во финалето од Србија, а со освоени 45 поени во полуфиналето против Кина постави рекорд на Миндијалите. Токму од тој ден започнаа шпекулациите околу нејзината мистериозна љубов. Младата Италијанка по поразот во финалето се расплака, а медимите открија дека во разговор со девојка преку телефон дошла при себе по изгубеното злато.
Паола има нигериско потекло, а од 2017 година игра во клубот Агил од Новара. Светското првенство кое се играше минатиот месец го заврши со награда за најдобар забивач над мрежа, а пред тоа на мастерсот во швајцарскиот Монтрекс е прогласена за МВП.