Connect with us

Фудбал

Селекторот на Египет: Го познавам Салах, одлучи и се надевам дека сè ќе биде во ред

Мохамед Салах се опорави од повредата на рамо и ќе игра во првото коло на групната фаза на Светското првенство против Уругвај, во петок со почеток во 14:00 часот.

Египќаните беа загрижени дека Салах нема да биде подготвен за првиот натпревар на Мундијалот, но од Федерацијата објавиа дека ѕвездата на Ливерпул е подготвена и ќе игра, како што потврди и селектор Хектор Купер.

“Можам речиси да кажам 100 отсто дека ќе игра, освен во случај на неочекувани фактори во последната минута”, рече Купер.

“Јас добро го знам Салах, не е исплашен, иако секогаш има страв од нова повреда кога игра, но тој е подготвен, сака да игра и мислам дека сè ќе биде добро”, додаде египетскиот селектор.

Салах постигна 44 гола во дресот на Ливерпул минатата сезона и го повреди рамото во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид на 26-ти мај.