Connect with us

Фудбал

Селекторот на Германија во пресрет на утрешната пресметка со Македонија: Мора да бидеме претпазливи, имаат паметни играчи

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев најави дека на мечот со Македонија на голот ќе биде Андре Тер Штеген. Воедно изјави дека сите играчи му се на располагање. Лев потенцира дека мора да победат за да покажат дека се фаворити, но сепак мора да одиграат претпазливо.

-Морам да кажам дека тие не се ништо послаби од Романците. Технички, имаат многу успешни играчи во своите редови. Ќе мора да го добиеме овој меч за да покажеме дека сме поквалитетни, вели Лев кој додава:

–  Сите играчи се здрави, вклучувајќи го и Госенс, а со речиси истиот состав како против Романија ќе се појавиме и во овој дуел, односно Тер Штеген ќе застане меѓу диреците, изјави Лев.

Натпреварот кој е во рамките на квалификациите за пласмна на СП следната година ќе се одигра утревечер во Дуизбург со почеток во 20: 45 часот.