Connect with us

Фудбал

Селекторот на Швајцарија пред клучниот дуел со Србија го потсетија на 2018-та и скандалот со Џака и Шаќири: Не ме интересира!

Селекторот на швајцарската фудбалска репрезентација Мурат Јакин по поразот од Бразил (0:1) во вториот натпревар во групата Г на Светското првенство во Катар изјави дека на неговата репрезентација и недостасувала смелост во нападот.

„Некое време нашата стратегија функционираше. Имавме добра контрола на играта, добро трчавме. Сепак, резултатот не растажи бидејќи на играчите им недостасуваше храброст во играта“, изјави Јакин.

Коментирајќи го петочниот натпревар против Србија и политичките тензии со српската репрезентација на Светското првенство во Русија 2018 година, Јакин рече дека е важно да се фокусираме на спортот.

“Добро се подготвивме. Мислам дека е важно да собереме сила. Ќе се фокусираме на спортoт, а не нè интересира останатото. Се разбира, ќе се обидеме да победиме. Имаме способност да го направиме тоа”, рече Јакин. .

 

Агенцијата Франс прес претходно потсети дека Србија на 22 јуни 2018 година играше во Калининград против Швајцарија, која тогаш имаше неколку играчи со потекло од Косово. Во 2008 година Косово прогласи независност од Србија, која не ја признава таа независност.

Гранит Џака, роден во Швајцарија од семејство на Албанци од Косово, и Џердан Шаќири, роден во Косово, постигнаа по еден гол и овозможија Швајцарија  за победа од 2:1.

Двајцата играчи ги прославија своите голови имитирајќи го со раце орелот од албанското знаме, како гест на поддршка за Косово, што предизвика незадоволство во српските медиуми, кои тоа го оценија како „срамна провокација“.

Меѓународната фудбалска федерација ги казни. И двајцата добија казни од по 8.660 евра.