Фудбал
Сензационално: Јувентус во трката, Меси и Роналдо би можеле да играат заедно
Јувентус влезе во трката да ги обезбеди услугите на Лионел Меси. Црно-белиот тим ја следи состојбата на Аргентинецот во Барса и би можел да изврши напад и да влезе во трка за неговиот потпис.
Луда идеја која може да ги „обедини“ двајцата најдобри играчи од последната деценија. Аргентинецот најверојатно ќе ги напушти Шпанците.
„Спорт“ пишува дека 33-годишниот фудбалер можеби е повеќе привлечен од Манчестер Сити на Пеп Гвардиола, но Јувентус останува интересна алтернатива. Но, од друга страна и ПСЖ не стои мирен, и ќе се обиде да го донесе Меси во своите редови.