Connect with us

Фудбал

Сепак, нема минута молк за Михајловиќ, ФИФА вели: Му одадовме почит вчера!

Легендата на српскиот, но и европскиот фудбал, Синиша Михајловиќ, кој почина во петокот во Рим по тешката битка со леукемија, не доби почит со минута молк пред натпреварот меѓу Хрватска и Мароко.

Според информациите кои на српски „Курир“ кои ги добил директно од ФИФА, пред натпреварот за третото место, но и пред финалниот натпревар кој е закажан да започне в недела во 16 часот, за Михајловиќ нема да има минута молчење.

Од ФИФА за „Курир“ изјавиле дека на Синиша Михајловиќ му била оддадена почит во петокот на мечот на легендите на кој се одржа едноминутно молчење со негова фотографија на видео бим.

ФИФА додаде дека Синиша е големо име во светот на фудбалот, дека на сите им е жал за трагичниот крај на тешката битка со леукемијата и изрази сочувство до семејството Михајловиќ.