Фудбал
„Сер Алекс му викаше на Роналдо да престане да тренира“
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ники Бат, вели дека Кристијано Роналдо ја подигнал својата работна етика во фудбалот на ниво што не се гледа толку често.
Бат го напиша предговорот на книгата „Вива Роналдо“ и ги допре почетоците на Португалецот на „Олд Трафорд“, кога пристигна од Спортинг на 18-годишна возраст.
„Не само талентот го одведе до врвот. Често се вели дека некои играчи работеле напорно, останале после тренинг и ја практикувале техниката, но со Кристијан, се работело за целосна посветеност. Тој немаше тело дадено од Бога, се трудеше напорно да го создаде. Всушност, тој дојде кај нас како слабо момче и го изгради своето тело со текот на годините“, пишува Бат, додавајќи:
„Мораше да достигне ново ниво на физичка сила бидејќи Премиер лигата го бараше тоа – имаше многу можности да види колку е физички напорно, а на тренинзите влегуваше во дуели со играчи како Рој Кин и Стам“.
Бат, исто така, истакнува дека неговите соиграчи често го гледале Роналдо како вежба слободни удари.
„Ќе ни кажеше како видел нешто некаде и сега сака да го примени и усоврши – потоа ќе тренира додека не успее. Отиде и подалеку од посветеноста, тој беше опседнат со фудбалот. Честопати слушате играчи како зборуваат за дополнителна работа, но тоа е обично малку дополнителен тренинг, па брзаат да направат нешто друго што им се допаѓа, или едвај чекаат да си одат дома или да јадат нешто. Ретко ќе најдете некој кој е посветен на фудбалот 00-24, а Кристијано беше еден од нив “.
?️ Nicky Butt: "I was a little bit pissed off [on being taken off for Ronaldo on his debut]. I think we were playing a three in midfield and then we went 4-4-2. I was on the verge of saying, ‘How can you take me off for this kid? He’s never gonna be a player!" [@TheAthleticUK] pic.twitter.com/JRm7luAYoo
— UtdDistrict (@UtdDistrict) September 11, 2021
Бат се сеќава како тогаш Роналдо никогаш немал девојка и дека живеел сам.
„Тој секогаш беше последниот што го напушташе тренинг центарот. Всушност, човек не можеше да го избрка од теренот бидејќи неуморно работеше на техниката – додека сите заминувавме, тој носеше торба полна со топки на теренот. Ќе ручавме во кантина или ќе се спремавме да си одиме дома, а потоа ќе го слушневме гласот на Сер Алекс Фергусон кој викаше на Кристијано да излезе од теренот: ‘Имаме натпревар за два дена, доста е’“, заклучи Бат.
Во првиот мандат, Роналдо беше во Јунајтед од 2003 до 2009 година, а неодамна се врати по речиси една деценија во Реал Мадрид и три сезони во Јувентус.
NICKY BUTT:
"Ronaldo was to emerge as a genius but it wasn’t just about his talents that took him right to the top.
“It is often said that certain players work hard, some extra training but with Cristiano it was total dedication, total commitment, and total hard work." pic.twitter.com/Pj9AQPkCU3
— CristianoXtra (@CristianoXtra_) October 1, 2021