Connect with us

Други спортови

Серена избрана за најдобра спортистка во 2018, иако ништо не освои!

Најтрофејната тенисерка на денешницата, Американката Серена Вилијамс, е прогласена за најдобра спортистка во 2018 година, по петти пат во изборот на агенцијата Асошијетед прес.

Серена сезонава играше во финалето на Вимблдон и САД Опен по враќањето на ВТА турот, и тоа во годината во која имаше четири операции поради згрутчување на крвта по породувањето во септември 2017 година. Таа е само на чекор од славната спортистка Бејб Дидриксон Захарис, која пет пати беше прогласена за најдобра по успешната кариера во голф, а една и во атлетика.

Вилијамс доби 93 гласа во изборот на американскиот уредник и директор, а зад себе ги остави гимнастичарката Симон Бејлс со 68 гласа. Трета на оваа листа е кошаркарката Арика Огунбовејл, додека сноубордерката Кло Ким и пливачката Кети Ледецки беа на четвртото, односно петтото место.

Сите спортистки освен Вилијамс во 2018 година освоија бар по една титула, додека Вилијамс беше само близу до трофеите.