Connect with us

Други спортови

Серена Вилијамс не оди на Олимпијада: „Не би сакала да зборувам за причините сега, можеби еден ден …“

Американската тенисерка Серена Вилијамс нема да настапи на Олимписките игри во Токио.

На прес-конференцијата пред почетокот на Вимблдон, Серена беше прашана дали ќе игра на Олимпијада, а таа ги шокираше сите велејќи дека нема.

Причините за ваквата одлука не се познати, бидејќи таа ќе игра на Вимблдон и очигледно не е повредена. Таа освои четири олимписки медали. Покрај златото во Лондон во 2012 година, таа освои и три турнири во комбинација со нејзината сестра Венус Вилијамс во 2000, 2008 и 2012 година.

„Постојат многу причини зошто ја донесов оваа одлука. Не сакам да зборувам за нив сега, можеби еден ден“, призна Серена Вилијамс за време на прес-конференција.

Неофицијално, една од причините за донесување на таква одлука може да биде фактот што организаторите на Игрите не се согласуваат за контактот на Олимпијците со нивните семејства.

Таа има тригодишна ќерка и неодамна рече дека „не можела да помине дури 24 часа без неа“. Веројатно тоа е фактор за нејзиното пропуштање на игрите.

Олимписките игри во Токио започнуваат на 23 јули. Тениските турнири ќе започнат еден ден подоцна, на 24 јули, а финалето ќе се игра на 1 август.