Connect with us

Фудбал

Серхио Агуеро има договор со Барселона, се чека потпис?!

Мадридски „АС“ објави екслузивна вест дека Серхио Агуеро веќе постигнал договор со Барселона, а останува само да се официјализира соработката со потпис. Како што тврди овој шпански весник Аргентинецот ги договорил сите услови со каталонскиот тим, па по завршувањето на сезоната се сели кај неговиот добар пријател Лионел Меси. Агуеро ќе дојде како слободен играч бидејќи договорот со Манчестер Сити му истекува ова лето.