Connect with us

Фудбал

Серхио Агуеро се огласи по веста дека ја завршува кариерата

Бројни европски медиуми денеска објавија дека искусниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро (33) ќе стави крај на професионалната кариера поради проблеми со срцето.

Напаѓачот на Барселона неодамна на мечот со Алавес почувствува отежнато дишење и ја напушти играта.

Прегледите во болницата покажале дека Агуеро има срцева аритмија и искусниот фудбалер бил принуден да паузира извесно време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Leonel Agüero (@kunaguero)

Денеска се појавија информации за тоа како ќе ја заврши кариерата, а веста која ја објави каталонското радио „RAC“ ја коментираше и самиот Агуеро.

„Поради сите шпекулации, сакам да ви кажам дека ги следам советите на клупските лекари, правам тестови и третмани. Напредокот треба да биде видлив за 90 дена. Само позитивно“, напиша Агуеро на социјалните мрежи.

Искусниот 33-годишен напаѓач оваа сезона одигра само пет натпревари за Барселона, а претходно 10 години играше за Манчестер Сити.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Leonel Agüero (@kunaguero)

Агуеро беше одличен во Англија. На 390 натпревари постигна 260 гола и е апсолутна легенда на Граѓаните.

Претходно во кариерата играше и за Атлетико Мадрид и аргентински Индепендиенте.