Connect with us

Фудбал

Серхио Рамос е на удар на навивачите затоа што се фотографираше со дресот на поранешната ѕвезда на Барселона

Серхио Рамос последните денови беше во центарот на вниманието поради договорот со Реал Мадрид.

Рамос има договор со кралскиот клуб до крајот на оваа сезона, но се уште не постигнал договор за продолжување на соработката и се повеќе се зборува дека ќе го напушти клубот.

Искусниот дефанзивец игра во Реал скоро 16 години и иако сè уште е во одлична форма во Реал Мадрид, сè уште не му се понудени условите што ги очекува.

Претходните денови Рамос беше нападнат и од навивачи кои сметаат дека не сака да се согласи на намалување на платата, што самиот Шпанец го демантираше.

Но, тој повторно ги налути навивачите кога беше фотографиран со дресот на поранешната sвезда на Барселона, Ривалдо, кој го доби како подарок од Бразилецот. Ривалдо никогаш не бил фаворит на „Сантијаго Бернабеу“, а навивачите на Реал не сакаа Рамос да позира со дресот на овој играч.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos)