Connect with us

Фудбал

Серхио Рамос никогаш не го доживеал ова: Дали ПСЖ ќе му зададе удар како никој досега?

Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос летово го напушти Реал Мадрид како слободен играч и потпиша за ПСЖ.

Рамос по 16 години го напушти кралскиот клуб бидејќи не успеа да се договори со Флорентино Перез за продолжување на договорот.

Искусниот дефанзивец имаше неколку интересни понуди, но на крајот реши кариерата да ја продолжи во дресот на ПСЖ со кој потпиша двегодишен договор.

Сепак, тогаш започна кошмарот за Рамос кој се уште нема одиграно ниту една минута во дресот на новиот клуб.

Рамос има огромни проблеми со повредите, но и физичката подготвеност, поради што никогаш не конкурирал за натпревар на клубот од Париз.

Сето ова почна да ги фрустрира навивачите на ПСЖ кои сметаат дека доаѓањето на Рамос е тотално неуспех. Се чини дека и во клубот се свесни затоа што размислуваат да ја прекинат соработката.

Ле Паризиен синоќа ги изненади сите со објавата дека ПСЖ сериозно размислува да го раскине договорот со Рамос на почетокот на следната година. Така Рамос во јануари повторно би можел да биде слободен играч, што секако никој не го очекуваше.

ПСЖ му даде огромна плата бидејќи дојде во клубот без обештетување, но се разочарани што Рамос воопшто не е физички подготвен за игра. Тие веруваа дека може да игра уште две сезони без проблем, но се чини дека згрешиле.

Рамос никогаш во кариерата не бил во ваква ситуација и важеше за еден од најдобрите светски дефанзивци. Останува да се види дали ПСЖ навистина по само половина година ќе го раскине договорот со него.