Фудбал
Сестрата на Роналдо „грми“: Сакав да дојде дома, да го напушти националниот тим!
Бурата околу Кристијано Роналдо не стивнува, а сега се огласи и неговата сестра Катја Авеиро која напиша долга порака.
– Португалија победи. Фала богу. Се покажаа новите таленти. Одлично. Дали ќе го освоиме ова? Јас верувам во тоа. Но, на теренот го извикуваа името на Роналдо. Не затоа што Португалија водеше. Не сум единствената што го кажува тоа. Цел свет виде. Се прашувам зошто? Мило ми е што Португалија славеше, сум ја гледала толку многу пати…
Но и тоа не може да ги оправда „малите“ луѓе и навивачи од Португалија. Тоа не е во ред, бидејќи продолжуваат да навредуваат и провоцираат, да инсистираат на нечесност. Многу сум тажна поради се што слушнав и видов, не само овде во Катар, туку и во Португалија. Јас сум толку тажна.
…Сакав да дојде дома, да ја напушти репрезентацијата, да седне до нас за да го гушнам и да му кажам дека се е во ред, дека освоил се што можел. Многу сакав да не оди на тоа првенство, веќе доста страдавме, никој нема да знае колку, напиша таа.
Инаку, Роналдо вчера против Швајцарија (6:1) во игра влезе о 70-та минута. Претходно цел стадион го извикуваше неговото име, а кога влезе во игра следуваа овации. Но, по мечот, додека сите славеа на теренот, Роналдо сам замина во соблекувалните.