Connect with us

Фудбал

Сетиен е исмејуван од навивачите на Барселона поради неговите зборови: Среќен сум, постигнавме напредок!

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен имаше многу интересен настап откако каталонскиот клуб ја загуби шпанската титула.

Сетјен ја прифати одговорноста за лошите настапи во втората половина на сезоната, но тврди дека сите мора да бидат самокритични.

“Самокритиката мора да ја има кај сите. Јас сум најодговорен, но убеден сум дека ќе бидеме сосема поинаков тим во натпреварите во Лигата на шампионите и дека ќе има враќање на позитивите во тимот”, рече Сетиен, додавајќи:

“Среќен сум за многу работи. Имаме многу напредок од кога дојдов во клубот, но тоа не беше доволно за да ја освојам Ла Лига. Сепак, ова е спорт и работите често не одат како што планиравте”, рече тој.

Овој стручњак со Барселона сè уште има шанса да ја освои Лигата на шампионите, а ќе видиме каква ќе биде неговата судбина на клупата на одличниот каталонски гигант.

Никој не е задоволен од неговата работа, што не е ни чудо, затоа што тимот игра катастрофално.