Connect with us

Фудбал

Сетиен и ја скрати титулата на Барса, сега со глупави потези ја уништува и Барселона Б?

Барселона Б овој викенд ќе го игра плеј-офот во Сегунда Дивизион Б, а тренерот на првиот тим на Каталонците, Кике Сетиен, одбива да им дозволи на своите млади фудбалери да им помогнат на резервистите.

Ансу Фати, Рике Пуиг и Роналд Араујо се достапни за натпреварот во недела против Реал Ваљадолид во плеј-офот, но Сетиен сака тие вечерва да бидат со првиот тим.

„Посакувам да беше поинаку, но нема да биде можно“, рече Сетиен по поразот од Осасуна, додавајќи:

„Имаме различни играчи кои се суспендирани или повредени и без тројцата тешко дека ќе имаме стартни 11 и по некоја замена. Мојата став е дека подобро е овие млади играчи да бидат со нас во недела“.

Сетиен има 13 постари играчи на располагање за гостувањето кај Алавес. Усман Дембеле, Антоан Гризман и Самуел Умтити се повредени, додека Жерард Пике, Иван Ракитиќ и Јуниор Фирпо се суспендирани.

Барселона остана без шанси да ја освои титулата затоа што Реал Мадрид ја обезбеди 34. титула на Шпанија вчера со победа над Виљареал.