Фудбал
Сетиен конечно се огласи за отказот од Барселона: Ќе мора да решаваме преку нашите адвокати
Кике Сетиен, сега веќе екс тренер на Барселона, конечно се огласи за отказот. Како што вели тој, иако на 17-ти август бил сменет, а тоа Барселона го соопштила преку медиумите, сепак писмено известување со образложенијата ги добил дури вчера. Како што се најавуваше, најверојатно спорот ќе се решава на суд, а тоа и самиот Сетиен го најави. Како што вели тој на твитер, за сето она што го пишува во писмото испратено до него, а без претходен никаков договор и разговори со раководството на тимот, ситуацијата ќе биде решавана преку нивните адвокати.

-Принудени сме ситуацијата да ја препуштиме на нашите адвокати, кои ќе покренат адекватни правни постапки и сето тоа го правиме со цел да ги зачуваме нашите права и да го исполниме она што е договорено оној ден кога потпишавме за Барселона, стои во објавата за која се вели дека е заедничка на Сетиен и неговите тројца помошници.