Connect with us

Кошарка

Сезоната во НБА, по паузата поради новата пандемија на коронавирус, треба да продолжи на 30 јули во Орландо.

Значи, останува речиси еден месец до продолжението на сезоната во НБА лигата, па играчите кои се позитивни за коронавирус имаат време да го „направат“ задолжителниот 14-дневнен карантин.

НБА-лигата денеска соопшти дека во последната рунда тестирања се откриени уште девет позитивни кошаркари. Ова значи дека вкупниот број на позитивни кошаркари од почетокот на задолжителното тестирање (23 јуни) е 25.

Во периодот од 24 до 29 јуни беа тестирани 344 кошаркари, а девет од нив, како што веќе кажавме, беа позитивни. Претходно, тестовите откриле 16 позитивни случаи.

Вкупно 884 членови на персоналот на тимовите беа тестирани помеѓу 23 и 29 јуни, а 10 од нив беа позитивни на „Ковид-19“.