Connect with us

Фудбал

Шаќири херој на Швајцарија, Србија пред невозможна мисија

Репрезентациите на Србија и Швајцарија, на стадионот во Калининград го одиграа натпреварот од второто коло од групата Е. Имаше голема борба на теренот, а овој дуел на крајот заврши со победа на Швајцарија со 2:1.

Избраниците на Младен Крстајиќ одлично го отворија овој натпревар и опасно се заканија по пет минути игра преку Митровиќ. Неговиот шут со глава сепак го одбрани Зомер, но голманот на Швајцарија не можеше да стори ништо само момент подоцна. Тадиќ упати нов центар шут, а Митровиќ овој пат упати неодбранлив шут по голот на Швајцарија, па Србија во 5. минута дојде во водство од 1:0.

Првото полувреме заврши со резултат 1:0 за Србија, а Швајцарците после полувремето тргнаа по изедначување. Набрзо и го остварија тоа, Гранит Џака во 53. минута со одличен шуто од далечина изедначува на 1:1.

Потоа се закани и Шакири, а дури после петнаесетина минути Србија се ослободи од притисокот. Сепак, избраниците на Крстајиќ не успеаја да создадат опасни шанси, а од другата страна Гаврановиќ пропушти одлична шанса за Швајцарија на 15. минути пред крајот на натпреварот.

Уште една голам шанса за Швајцарија пропушти Гаврановиќ кога во 84. минута се најде пред Стојковиќ, но голманот на Србија успеа да одбрани.

Потоа во 90. минута Швајцарија направија брза контра, Шаќири одлично истрча и на крајот погоди за конечни 2:1.

Србија и Швајцарија сега имаат ист број бодови (3), но Србија во последното коло игра против Бразил, додека Швајцарија игра против Костарика.