Connect with us

Фудбал

Шаќири има понуда од Серија А, Ливерпул може да ја наполни касата

Швајцарскиот интернационалец Џердан Шаќири би можел да ги напушти редовите на Ливерпул.

Според извештаите на италијанските медиуми, Лацио подготвил понуда од 12 милиони евра, што може да ги задоволи „црвените“.

Претседателот на Лацио, Игли Тара, порано разговараше со Шаќири, кој исто така беше желба на клубот од италијанската престолнина минатото лето.

Швајцарецот има договор со Ливерпул до 2023 година, па клубот од „Енфилд“ би можел да заработи добро ова лето.

Шаќири одигра неколку одлични игри во дресот на „црвените“, постигнувајќи и неколку клучни погодоци. Клоп го користеше повеќе како џокер отколку како стартер.

Зад себе има одлично ЕУРО во дресот на Швајцарија, а италијанските медиуми пишуваат и дека тој би се вклопил совршено во стилот на игра што се претпочита во Серија А.

Дали овој трансфер ќе се случи ќе видиме во наредните денови.

Споменатиот фудбалер моментално е на одмор, па над оваа приказна сè уште има прашалници.