Connect with us

Фудбал

Шампионот на Македонија има нов тренер

Фудбалскиот стратег од БиХ, Бруно Акраповиќ е нов тренер на македонскиот шампион Шкендија. По пет години Акраповиќ повторно се враќа на клупата на тимот од Тетово. Според тоа што го соопшти раководството на Шкендија, договорот со 53-годишниот стратег е за една година со можност соработката да биде продолжена за уште една година.