Connect with us

Други спортови

Шаповалов го предизвикува Новак пред денешното финале во Париз

Во финалето на Мастерсот во Париз се среќаваат со Новак Ѓоковиќ и Денис Шаповалов.

Не е потребно е да се нагласи на кој припаѓа улогата на фаворит, но Канаѓанецот не планира туку-така да ја препушти титулата на Новак.

Шаповалов без мака стигна до финале бидејќи Рафаел Надал му го предаде натпреварот вчера, а кога веќе е во финалето, тој сака да се обиде да направи сензација и да дојде до првата титула во Париз.

„Се подготвував во соблекувалната за натпреварот кога супервизорот ми рече дека Рафа го предал натпреварот. Се надевам дека не беше ништо сериозно и дека ќе се врати за Лондон. Тој имаше одлична сезона и би било убаво да го видам таму. Ова не е начинот на кој јас сакав да поминам, но ова е одлична можност за мене. Пред двапати играв со Рафа, чувствував дека на бетон можам да бидам агресивен против него и да ја играм мојата игра“, рече Шаповалов.

Тој сега го игра четвртиот натпревар со Новак, а сите три претходно ги има освоено српски тенисер.

„Ќе бидам агресивен. Немам што да изгубам, супер е да бидам во финалето, ова е бонус за мене и ќе се обидам да уживам во себе. Тој играше неверојатно во Шангај. Јас не бев толку лош и се надевам дека малку ќе пропушува и дека ќе биде нервозен, и јас ќе бидам на повисоко ниво“, додаде Шаповалов.

„Новак е број еден со причина и не чувствувам голем притисок. Овој натпревар ќе биде награда за сè што вложив“, рече Канаѓанецот.

Финалето започнува денес во 3 часот попладне.