Connect with us

Фудбал

Шефилд го шокираше Манчестер на „Театарот на соништа“!

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва претрпеа неочекуван пораз на домашен терен од Шефилд со 2:1 во мечот од 20-то коло на Премиер лигата.

Вечерва Шефилд успеа да приреди големо изненадување и да стигне до три бода и ги уништи плановите на „црвените ѓаволи“, кои на тој начин останаа без првото место на табелата, кое го презеде градскиот ривал Сити.

Гостите го шокираа домашниот тим во 23-та минута кога Флек центрираше од прекин, а мрежата на Де Геа ја затресе Брајан, кој погоди за 1:0.

После тоа, Јунајтед тргна на израмнување. Домаќините промашија неколку добри шанси до крајот на првото полувреме, но на средината на второто полувреме успеаја да израмнат на 1:1.

Имено, Јунајтед израмни на 1:1 во 64-та минута преку Мегваер, кој погоди на асистенција на Телес.

Тогаш се чинеше дека домашниот тим може да направи пресврт, но само десет минути подоцна нов ладен туш. По конфузијата во одбраната на Јунајтед, топката дојде до Бурк кој погоди за 2:1 и ново водство за Шефилд.

Манчестер Јунајтед се обиде да изедначи на крајот на мечот, но не успеа. Јунајтед сега е втор на табелата со 40 бода, додека Шефилд е сепак последен со само осум бода. За Шефилд ова беше само втора победа во сезоната.