Connect with us

Фудбал

Шекил О’Нил им порача на децата: „Ние не сме богати, јас сум богат“

Еден од најдобрите НБА центри на сите времиња Шекил О’Нил (49) не сака неговите деца во иднина да сметаат на неговото богатство.

Познатиот кошаркар стекна огромно богатство на паркетот, но го прошири и со разни успешни бизниси по завршувањето на својата играчка кариера.

Шек е „тежок“ од околу 400 милиони долари, но тој не сака само да им го даде тоа богатство на своите деца.

„Моите деца пораснаа, но тоа малку ме нервира бидејќи не разбираат една работа. Секогаш им велам. Ние не сме богати. Јас сум богат“, рекол О’Нил.

Шек не сака децата да добиваат сè на тацна и сака тие да се борат за себе во животот.

„Се обидувам да им објаснам дека образованието е многу важно. Во куќата има само едно правило – образование. Би сакал еден од нив да биде лекар, фармацевт, адвокат, бизнисмен. Би сакал некој да ми ги преземе работите , но нема само да им дадам сè. Тие треба да заработат сè сами“, рече О’Нил.

О’Нил има шест деца.