Тајмаут
Шевченко беше во воз за време на бомбардирањето на Украина
Украинската фудбалска легенда Андриј Шевченко откри дека бил во воз кога Русија почнала да истрела ракети кон неговата татковина. Поранешниот национален селектор сподели дека возот морал да застане на сред терен каде неколку часа изгледале како цела вечност.
„Русија истрела 80 ракети и 24 беспилотни летала камикази врз нашата родна земја. Киев, Харков, Запорожје, Чернигив, Суми, Кривји Рих, Днепар…Бев во воз кога започна гранатирањето и моравме да застанеме среде Тие неколку часа ми изгледаа како цела вечност. Би сакал да кажам само едно: никакви ракети, гранатирања или други напади нема да ги скршат Украинците“, откри Шева.
„Можат да ни ги одземат куќите и цели улици, но не и достоинството, храброста и волјата за слобода. Ќе ја браниме Украина. Ќе пееме под оган, како што пееја жителите на Киев денеска во метрото. Ќе се бориме додека не победиме На овој мрачен ден, му благодариме на секој од вас што го споделува ова патување со нас“, додаде тој.
„Што и да чувствувате денес, без разлика дали тоа е емпатична грижа, љубов и сочувство за Украина или очај, гнев и бес кон нашиот непријател, нека вашите емоции се претворат во донации. Нека станат уште еден чекор кон нашата заедничка победа“, заклучи Шевченко.