Connect with us

Други спортови

Шифрин без конкуренција во слалом

Најдобрата скијачка во светот, Михаела Шифрин, ја оствари и втората победа во слалом од почетокот на сезоната. Таа во Килингтон забележа време од 1:43.25 минути што беше доволно за прва позиција, оставајќи ја за 57 десетинки зад себе Словачката Петра Влихова.

Трета заврши Швеѓанката Фрид Хансдотир со време од 1:44.33. Инаку, ова е 45 победа за Шифрин во Светскиот куп и 34 во слалом, а моментно и фали само една за да се изедначи со рекордот на Австрелијанката Марлес Шилд, која во кариерата оствари 35 слаломски триумфи.

Шифрин е лидер со 310 освоени бодови, додека зад неа е Влахова со 196, а трета е Хансдотир со 142.