Connect with us

Други спортови

Шифрин рамо до рамо со Марлиз Шилд

Американската скијачка Михаела Шифрин победи на слаломска трка во францускиот зимски центар Куршевел и стигна до 50 победа во Светскиот куп во својата кариера. Таа доминираше во двете возења и ја забележа седмата победа во СК оваа сезона, оставајќи ги зад себе Петра Влахова од Словачка и Фрида Хансдотер од Шведска.

Оваа победа ја израмни Шифрин со Марлиз Шилд на врвот меѓу скијачките со најмногу победи во дисципланата слалом (35), а истовремено Американката се израмни со легендарниот Алберто Томба според бројот на победи во сите дисциплини.

Со 50 победи, Шифрин и Томба го делат седмото место на вечната листа, а следен предизвик е Херман Мајер кој има четири победи повеќе. Најмногу победи во историјата има Ингемар Стенмарк (86), а потоа следува Линдзи Вон со 82 победи.