Connect with us

Фудбал

Шилегов: Град Скопје нема да го преземе ФК Вардар, но има заинтересирани од Катар

– Вардар си е приватен клуб. И некој кога одлучил да го продаде пред седум години требало да најде механизам како да се покријат долговите во еден ваков случај. Град Скопје во една ваква ситуација не може да преземе приватен клуб со долг од 3,5 милиони евра, ова го изјави Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во гостувањето во Сител. Тој уште еднаш потенцираше дека Град Скопје нема намера да го преземе ФК Вардар се додека не бидат подмирени милионските долгови.

Сергеј Самсоненко направи долг од дури 3.5 милиони евра по што си замина од клубот, а овој долг е главната пречка за заинтересираните финансиери за влезат Вардар.

Шилегов вели дека заинтересирани се катарски инвеститори, но Градот не прифаќа да го презеде раководењето со клубот се додека има долгови. Имено, при потпишувањето на договорот помеѓу град Скопје и Сергеј Самсоненко при преземањето на клубот, Русинот се обврза да го врати клубот на градот без никакви долгови. Сега, тој повторно нуди гаранции дека долговите ќе ги отплати до крајот на годината, но така беше и минатата.  Самсоненко вети дека сите долгови ќе ги подмири до 31 декември 2020 година, но откако помина тој рок, даде ново ветување дека до крајот на февруари ќе го стори истото, но и тој не го почитуваше. Сега новото ветување е крајот на оваа година.

– Инвестицијата од Катар не е затворено прашање. Но, за да се заокружи и тој процес треба да добиеме гаранција за враќање на средствата од актуелното раководство – вели Шилегов.