Connect with us

Фудбал

Шилегов: Не можам да дозволам Градот да го преземе ФК Вардар со долг од 3,5 милиони евра

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77 изјави дека не може да дозволи градот да го преземе ФК Вардар поради тоа што има долг од 3,5 милиони евра.

-Долгот на ФК Вардар е некаде околу 3,5 милиони евра. А, беше даден без долгови со вредност на играчкиот фонд од околу 6 милиони евра, која сега е 800 илјади. Не можам да дозволам Градот да го преземе клубот со долго од 3,5 милиони евра, ниту пак на Градот му е понудено некакво ветување дека тој долг е наплатлив. Имаше неколку ветувања од Самсоненко дека ќе ги подмири долговите, вклучувајќи ги и обврските кон играчите, но тоа не се случи, изјави Шилегов.