Connect with us

Фудбал

Шкендија го претстави Александар Чешмеџиев

Новиот македонски шампион Шкендија денеска го промовираше дефанзивецот Александар Чешмеџиев, кој изминатава сезона ги бранеше боите на Академија Пандев.

– За мене е голема чест што станувам дел од Шкендија, која оваа година ја освои двојната круна. Му благодарам на клубот за укажаната шанса и ќе направам се за да ја оправдам довербата. Чувството е прекрасно, да потпишеш со еден од најдобрите клубови во земјата, истакна Чешмеџиев.

За клубот од Тетово ова е второ засилување, откако претходно потпиша договор и со Ремзифаик Селмани.

Во меѓувреме Шкендија ги продолжи договорите со дефанзивците Мевлан Мурати и Благоја Тодоровски, како и со напаѓачот Изаир Емини и Бесмир Бојку.

Тетовскиот клуб сезонава доминираше во нашиот шампионот, а освојувајќи го Купот на Македонија стигна и до двојната круна.

Шкендија најави засилувања на скоро сите позиции, пред да ја почнат квалификациите за Лигата на шампионите.