Connect with us

Фудбал

Шкендија на половина пат до двојна круна, за Пелистер се помалку надеж

Во крајно тешки услови започна финалето од Купот на Македонија. Дождот му донесе тежок старт и на двете екипи. Играчите се лизгаа на влажниот терен, а топката потешко се движеше. Покрај тешките временски услови, стадионот Младост остана и без дел од осветлувањето, а тоа носи додатни потешкотии за фудбалерите.

Меѓутоа, и покрај тешките услови Шкендија заминува на полувреме со предност од 1:0. Муслиу во 20. минута одлично ја зафати нафрлената топка со глава и ја затресе мрежата на Пелистер.

Шкендија е на добар пат да ја освои двојната круна, но останува да го проследиме второто полувреме од натпреварот и, да видиме дали Пелистер ќе создаде некоја посериозна шанса, дали ќе се врати во борба и ќе ја одбрани титулата.