Фудбал
Шкендија нов лидер во ПМФЛ
Струмица, 12 септември 2020 (МИА) – Екипата на Шкендија се искачи на првата позиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Ова е епилогот по двете денешните средби од петтото коло на кои Шкендија ги освои бодовите во Струмица, додека Струга Трим Лум му го нанесе првиот пораз на Силекс.
Резултати:
Беласица – Шкендија 0:3
Струга Трим Лум – Силекс 2:0.
Утре играат:
Борец – Академија Пандев
Пелистер – Македонија ЃП
Ренова – Работнички
Вардар – Шкупи.
Води Шкендија со 11 бода, Силекс има 10, Шкупи 10 и натпревар помалку, Струга 7,… зс/