Connect with us

Фудбал

Шкендија убедливо ја победи Ренова

Со убедливи 6-1 Шкендија славеше против Ренова во првиот натпревар од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Резултатот го отвори Бесарт Ибраими, кој ги постигна првиот и третиот гол. Стрелец на вториот гол беше Ферхан Хасани, а останатите три гола за Шкендија ги постигнаа Стенио Жуниор, Шефит Шефити и повторно Хасани.

Голот за Ренова го постигна Ненад Мишковски во 47. минута за намалување на 3-1.

По оваа победа, Шкендија останува на првото место на табелата.

Табела: Шкендија 43 бода (17 одиграни натпревари), Вардар 29 (14), Академија Пандев 25 (15), Силекс 25 (16), Работнички 20 (15), Шкупи 19 (16), Ренова 17 (17), Пелистер 15 (16), Победа 15 (16), Скопје 9 (16).