Фудбал
Шкендија убедливо ја совлада Беласица
Македонскиот првак Шкендија ја совлада струмичка Беласица со 4:1 попладнево во Тетово во рамки на третото коло од Првата македонска фудбалска лига.
Беласица по само десет минути игра со голот на Ирфан Вусљанин поведе со 0:1.
Иако домаќините настапија со комбиниран состав поради реваншот против Розенборг, на крајот сепак целта ја оствариja, а играч на натпреварот беше Изаир Емини кој постигна хет-трик за Шкендија.
Емини беше прецизен во 35-та минута за израмнување од 1:1, а четири минути подоцна Жуниор и донесе водство на Шкендија од 2:1.
Во второто полувреме Емини постигна уште два гола за убедлива победа на актуелниот шампион од 4:1.
Шкендија по два реми натпревари успеа да стигне до првата победа во новата прволигашка сезона.