Connect with us

Фудбал

Шкендија убедливо славеше против велшки ТНС

Првакот на Македонија вечерва убедливо славеше на “Телеком” арена со 5:0 против велшкиот клуб ТНС.

Изаир Емири го отвори резултатот во 14-та минута, а потоа Бесарт Ибраими со четири погодоци до крајот на натпреварот го постави конечниот резултат, 5-0.

Екипата од Тетово, по една седмица, на 17-ти јули ќе го одигра реваншот во Велс, кој треба да биде само формалност, со оглед на високата победа од вечерашниот дуел.