Фудбал
Шкупи го совлада Работнички, повторно на врвот
Шкупи славеше со 2:0 во пресметката со Работнички, последна од ова коло. Тимот од Чаир повторно е лидер со 20 бодови, два повеќе од второпласираната Ренова. Адентунџи во 10-та минута донесе предност на Шкупи, а точка на мечот стави Трапановски во 73-та минута. . Во следното коло за две недели, на 16 октомври, дебармаалци ќе играат нова скопска пресметка со Скопје, додека Шкупи гостува во Кавадарци кај претпоследниот Тиквеш.
Standings provided by SofaScore LiveScore