Connect with us

Фудбал

Шкупи тргнува по групна фаза, вечерва историски натпревар!

На патот на Шкупи стои косовскиот првак Балкани, каде што спортски директор е токму поранешниот играч на тимот од Чаир, Ндерим Неџипи кој потекнува од овој тим, а потоа направи кариера во странство.

Македонскиот првак Шкупи вечерва од 21 часот во борба за групите на третото натпреварување на УЕФА тимот на Седлоски ќе игра против косовски Балкани.

Во текот на ова лето Шкупи играше во квалификациите на сите европски натпреварувања, откако не успеа во Лигата на шампионите и Лига Европа, на ред е Конференциската лига.

Чаирчани летово запишаа само една победа и тоа воведната со Линколн од 3-0, која им го обезбеди долгото лето, по што успеаа само уште еднаш да останат непоразени (2-2 во Загреб) со Динамо, а загубија четирипати во овие шест меча, по еднаш од Линколн (0-2) и Динамо (0-1), а двашати од Шамрок (1-3, 1-2).

Facebook