Connect with us

Фудбал

Шок на Етихад: Гвардиола остана без најдобриот играч

Играчите на Манчестер Сити денеска направија нов тренинг пред натпреварот од второто коло на Премиер лигата, кој во недела на домашен терен ќе играат против Хадерсфилд.

Сепак, тренингот на Сити денес заврши на најлош можен начин. Пеп Гвардиола остана без најдобриот играч откако Кевин де Брујн мораше да го напушти тренингот поради повреда.

Според првите информации, белгиецот имал повреда на коленото и го чека подолга пауза. Резултатите од докторските прегледи сè уште не се познати, но англиските медиуми известуваат дека Де Брујн ќе биде надвор од теренот околу два месеци.