Фудбал
Шок по шок за Роберто Манчини!
Големи проблеми за Роберто Манчини кој ги губи најдобрите парчиња од својата сложувалка наречена репрезентацијата на Италија.
Манчини ги загуби Заниол и Пелегрини во изминатите два дена, Верати претходно се повреди, а под знак прашалник е настапот на Барела.
Дополнителен удар дојде денеска кога „аѕурите“ останаа без својот напаѓач и главен напаѓач, Чиро Имобиле.
Претходно беше повреден и Мојс Кин, па Манчини има навистина големи проблеми пред решавачките квалификации за СП.
Наместо Имобиле, повикот го доби напаѓачот на Сасуоло, Џанлука Скамака, кој ќе биде голем товар на два клучни натпревари.
Манчини има проблеми и во одбраната бидејќи под знак прашалник е и настапот на Џорџо Киелини. Капитенот на Италијанците и Јувентус тренираше одвоено, додека неговиот колега Леонардо Бонучи ќе стисне заби и ќе игра.
Во последните две кола Италијанците ќе се сретнат со Швајцарија и ќе гостуваат во Северна Ирска. За првото место доволна е победа против Швајцарците во сабота на стадионот „Олимпико“.