Connect with us

Фудбал

Шок – УЕФА сака да исклучи шпански клуб од Eвропа: Признале дека местеле натпревари, им плаќале на ривалите да загубат!

УЕФА размислува да исфрли еден клуб од Европа следната сезона, а тоа е Осасуна! Клубот од Памплона избори пласман во Лигата на конференциите со пласманот на седмото место во Примера, но може да го загуби. Осасуна имаше одлична сезона, играше и во Купот на кралот, а откако навивачите го прославија влегувањето во Европа по 16 години, сега клубот можеше да остане без тој историски успех.

Причината за ова е што претходното раководство на клубот беше осудено за местење натпревари во шпанското првенство во 2014 година. Сега УЕФА ја анализира пресудата на Врховниот суд на Шпанија и размислува дали да ја казни Осасуна. Во случај овој клуб да не може да оди во Европа, соседниот Атлетик Билбао ќе добие место во Конференциската лига.

„Клубот во средата попладне дозна дека УЕФА води дисциплинска истрага поврзана со нашето учество во Конференциската лига. Истрагата е мотивирана од одлуката на Врховниот суд во врска со настаните од пред една деценија, од сезоната 2013/2014, но која исклучува клубот од кривична одговорност за тие дела“, се наведува во соопштението на Осасуна.

Врховниот суд годинава ја осуди управата која го водеше овој клуб од 2012 до 2014 година за корупција и фалсификување документи. Откриено е дека Осасуна му платила на Бетис 400.000 евра за да го победи Ваљадолид и додаде 200.000 евра на тимот на Севиља за да загуби на гостувањето кај Памплона. Тогаш тие три клуба беа во зоната за испаѓање, а само Осасуна имаше шанса да се спаси.