Connect with us

Фудбал

Шок во Италија: Тонали се обложил на натпреварите на Милан, му се заканува една година надвор од фудбалот

Сандро Тонали се обложувал на натпреварите на Милан додека бил дел од тимот на Роноери, објавија италијанските медиуми.

Вчера стана јасно дека фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли доби забрана за настап во траење од 7 месеци поради обложување. Сепак, Тонали може да се соочи со многу посериозна санкција.

„Газета дело спорт“ на насловната страница излезе со веста дека Тонали се обложил на натпреварите на Милан додека го носел дресот на Росонерите.

Олеснителна околност може да биде тоа што не се обложил на конечниот исход на натпреварите.

Сепак, фактот што Тонали се обложувал на натпреварите на Милан додека бил дел од тимот, многу му ја отежнува ситуацијата. Играчот одлучи да соработува со обвинителството, но се очекува да добие потешка санкција од онаа на Фаџоли, со прогнози за едногодишна суспензија.