Connect with us

Фудбал

Шок за Јувентус по голема победа, клучниот играч го пропушта остатокот од сезоната

Големата победа на Јувентус против Лајпциг во Лигата на шампионите (2:3) остана во сенка на веста дека поради повреда останаа без столб од одбраната и еден од клучните играчи Глисон Бремер до крајот на сезоната. .


Бразилецот по само шест минути беше принуден да го напушти теренот поради проблем со левото колено кое беше оштетено по еден дуел со Лоис Опенда, а она што на почетокот се сомневаше, за жал, се оствари. Оштетени се предните вкрстени лигаменти, Бремер ќе мора да оди на операција и сезоната за него е завршена.