Connect with us

Фудбал

Шок за Кристијано Роналдо, Манчестер Јунајтед се откажа од идејата за негово враќање на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед го одби можниот трансфер на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо. Раководството на англискиот клуб сметало дека е несоодветно да се потроши голема сума на 36-годишниот Португалец, објави „Sky Sports“.

Роналдо играше за Манчестер јунајтед од 2003 до 2009 година. Португалецот има постигнато 118 голови и 69 асистенции на 292 натпревари за тимот.

Како дел од Јунајтед, Роналдо ја освои Лигата на шампионите и стана шампион на Англија три пати.

Договорот на играчот со Јувентус важи до летото 2022 година. Напаѓачот е во клубот од Торино од 2018 година, откако си замина од Реал Мадрид за 117 милиони евра.