Connect with us

Фудбал

Шок за лидерот во Серие А, четворица фудбалери со Ковид 19, одложен мечот со Сасуоло

Лидерот во Серие А, Интер утре вечер требаше да го нагости Сасуоло. Сепак, мечот е откажан поради бројни случаи на заразени фудбалери со коронавирус. Одложувањето го барале здравствените власти, во обид да спречат понатамошно ширње, бидејќи на целиот останат тим на Интер се прават дополнителни тестови.

Според информациите позитивни на Ковид 19 се Данило Дамброзио, голманот Хандановиќ, потоа Де Врај и Матијас Весино.

Исто така Интер им забрани на сите фудбалери да патуваат на репрезентативните собирања овој месец.