Connect with us

Фудбал

Шок за навивачите на „Волчицата“ – Мончи ја напушта Рома?

Еден од најпознатите спортски директори во светот на фудбалот Мончи минатата година дојде во Рома откако помина неколку години во Севиља и направи одлични резултати.

Што се однесува до фудбалерскиот кадар, Мончи во Рома направи големи промени, а многумина ги шокираше кога го продаде Мохамед Салах. Сепак, Рома минатата сезона дојде до полуфиналето од Лигата на шампионите, а многумина зборуваа дека Мончи е најзаслужен за тоа.

Сепак, италијанските медиуми непријатно ги изненадиа навивачите на Рома со објава дека Мончи би можел да ја напушти „Волчицата“. Наводно, Манчестер Јунајтед веќе контактирал со спортскиот директор на Рома и јасно му дадоа до знаење дека сакаат да го видат следната сезона на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед веќе некое време бара спортски директор, а прва желба на таа позиција му е Мончи.