Фудбал
Шок за Парма, можно е да остане без пласман во Серија А
Парма успеа да оствари неверојатен успех и да се врати во Серија А, откако пред неколку години беше исфрлена во Серија Д.
Легендарниот италијански клуб за три години успеа да направи неверојатен подвиг и да се врати во Серија А, каде што и припаѓа. Навивачите и играчите на Парма го прославија овој успех, но се чини дека се уште не е готово кога станува збор за враќањето на клубот во друштвото на најдобрите.
Како што пишуваат италијанските медиуми, Парма се наоѓа под истрага поради последниот натпревар во Серија Б. Во тој натпревар, Парма ја совлада Специја, и се избори за местото кое води во повисокиот ранг, додека Фросиноне мораше да се задоволи со бараж.
Сепак, се чини дека работите се уште не се готови за Парма, затоа што постои сомнение дека натпреварот против Специја бил наместен. Кога беше 1:0 за Парма, противничкиот тим имаше пенал, но некогашниот напаѓач на Парма, Алберто Џилардино промашил. Деталите од истрагата ќе бидат познати за неколку недели, а од фудбалската федерација на Италија најавија жестоки казни доколку се утврди дека овој натпревар е наместе.
Иако се чини дека ова е стандардна процедура на крајот од сезоната, сепак на крајот испадна дека се пронајдени неколку сомнителни детали од овој натпревар, поради кои фудбалската федерација на Италија решила да започни со официјална истрага.